Мали Флејтисти 1 е учебник за почетници на флејта помеѓу 4 и 8 години, кои почнуваат со мал тип на флејти како Toot или Shining piper, како и за дечиња почетници на блокфлејта. Овој учебник е внимателно дизајниран за оваа возраст, со цел да го направи изучувањето на инструментот интересно, лесно и интерактивно.
Материјалот почнува со иконографска нотација за пред-читачи а подоцна го води малиот музичар во светот на нотите и нотното писмо.
Илустрациите во овој учебник застапуваат дечиња од различни религии и етникуми, со цел да промовираат толеранција, прифатливост и еднаквост.
Што има внатре:
- Повеќе од 30 песнички за најмалите музичари
- 20 страни со активности и игри што поддржуваат читање ноти, изучување ритам, креативно размислување и повеќе.
- Материјалот е со побавно темпо на изучување и ги застапува нотите Сол, Ла и Си, и музички паузи
- Дуети со Сол, Ла и Си од кои вториот глас може да се исполнува и од ученици кои се со малку поголемо искуство.
- Друштвена игра за ревидирање на материјалот од книгата
- Сертификати, ритмички блокови достапни за корисникот за печатење
- Постери спремни за печатење за сериите Тут и Хут Домашни Концерти
- Бесплатни снимки за придружба на нашиот YouTube канал
Оваа книга во издание за учители, која ќе содржи инструкции за методата како и придружба за песничките од оваа книга ќе биде достапна наскоро ОВДЕ